Во екот на пандемијата со коронавирус и кога фудбалерот е целосно стопиран, веста која го разбранува фудбалскиот свет е секако купувањето на Њукасл од страна на Саудискиот принц.
Њукасл со промена на газдата ќе стане најбогатиот клуб во Премиерлигата, па се најавува голема реконструкција на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека едно од првите засилувања за „чавките“ може да биде францускиот репрезентативец Набил Фекир.
Откупната клаузула за 26-годишниот фудбалер изнесува 100 милиони евра, па Бетис сигурно нема лесно да се согласи на негова продажба, односно ќе се обиде да заработи што е можно повеќе пари од неговиот трансфер.
Фекир не е единствен фудбалер на листата со желби на Њукасл, па многу големи ѕвезди се поврзуваат со клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Real Betis playmaker Nabil Fekir emerges as transfer target for post-takeover Newcastle United – reports https://t.co/pfGF51a1Ol pic.twitter.com/ktevohTbIF
— footballespana (@footballespana_) April 27, 2020