Дома Топ вести Првиот човек на Јувентус лично отпатувал по Икарди на Ибица! (ФОТО)

Првиот човек на Јувентус лично отпатувал по Икарди на Ибица! (ФОТО)

Трансфер сагата со Мауро Икарди како да нема крај. Меѓутоа изгледа претседателот на Јувентус, Андреа Ањели одлучил да ги земе работите во свои раце и да ја заврши работата.

Италијанските медиуми со фотографија како доказ вчера вечер соопштуваа дека Андреа Ањели отпатувал на Ибица каде што сака да го договори трансферот на Икарди.
„Спорт Медијасет“ тврди дека Ањели на аеродромот Малпенс се качил на летот ЕЈУ 2697 за Ибица.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно, Ањели веќе е на Ибица и таму би требало да се сретне со Габриеле Гиуфрид за кој се верува дека посредува во целата работа околу трансферот на Икарди.

Ваквите тврдења доаѓаат само неколку часа откако менаџерката и сопругата на Икарди, Ванда започна да го следи Гиуфрид на Инстаграм.

Ањели вечерва е фотографиран во автобус кој наводно ги пренесува патниците до аеродромот на Ибица и до местото каде што го чекал автомобил кој го однел „длабоко“ на осторовот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…