Во претходните недели во спортската јавност многу се шпекулираше за тоа дека Пол Погба и понатаму е голема желба на Барселона.
Погба не ја отвори баш најдобро сезоната бидејќи влезе во судир со Жозе Мурињо, а извори блиски на играчот открија дека тој сака да го напушти „Олд Трафорд“. На големо се пишува и дека Барселона го сака Погба во своите редови и дека Каталонците би можеле да реагираат уште во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа претседателот на овој клуб Хозе Мариа Бартомеу за шпанските медиуми изјави дека многу играчи се поврзуваат со Барселона, но дека тоа се само шпекулации.
Бартомеу додаде и дека клубот во овој момент не размислува за доведување на нови играчи.
„Читам разни гласини, не само за Погба тука и за уште неколку играчи. Многу тимови воопшто не сакаат да ги продадат тие играчи затоа што се нивни важен дел. Кога ќе слушнам од некои агенти дека играчите се на продажба, прво што правам е го барам спортскиот директор на тој клуб и тој вообичаено ми кажува дека тоа не е вистина. Задоволни сме со тимот кој го имаме и не сакаме ништо да менуваме“, изјави Бартомеу.