Именувањето на Фернандо Јеро за нов селектор на Шпанија е веста на денот во фудбалскиот свет.
Легендата на Реал Мадрид изненадувачки на клупата го наследи Јулиен Лопатеги кој експресно заработи отказ на еден ден пред почетокот на Светското првенство бидејќи потпиша договор со клубот од „Сантиаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Клучот е да менувате што е можно помалку. Не можеме многу да промениме во овие два дена, мораме да бидеме паметни и доследни како и до сега. Гледавме бројни видеозаписи од Португалците, целото стручно раководство е и понатаму тука и добро сме припремени за првиот натпревар на првенството“.
„Водењето на репрезентацијата за мене претставува голем предизвик. Тоа е одлука која морав да ја донесам веднаш. Постоеше можност и да одбијам, но едноставно не можев да кажам „не“. Такво нешто не би си простил никогаш. Го следев Лопатеги, беше одличен и му посакувам се најдобро во идниниот ангажман“,беа првите зборови на Јеро како селектор на „Црвената Фурија“.
Јеро верува дека Шпанија и покрај големата промена може до титулата светски шампион.
„Сите овие играчи се големи професионалци. Доколку не бев сигурен дека можеме да ја освоиме титулата, не би бил тука. Мораме да ги оставиме зад себе сите непредвидени околности кои се случија. Никој не може да го одземе нашиот сон за втората титула светски шампион“, заврши новиот селектор на Шпанците.