Дома Офсајд Прабабата на Фабрегас главна тема на социјалните мрежи: „Го победи коронавирусот“

Прабабата на Фабрегас главна тема на социјалните мрежи: „Го победи коронавирусот“

Сеск Фабрегас пред неколку дена ја воодушеви јавноста откако побара од Монако да му ја намали платата за 30% за да никој од вработените во клубот не добие отказ.

Фабрегас со тоа му заштеди на клубот 2.5 милиони евра. Исто така порача дека Монако не мора да му ги дава наредните четири плати, туку тие пари да му ги исплати на рати откако ќе му истече договорот во 2022. година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер и денеска се огласи на социјалните мрежи со одлични вести. Имено, тој неодамна потврди дека неговата 95-годишна прабаба е позитивна на коронавирус и дека е во тешка состојба.

Меѓутоа, таа успеала да се опорави и тестот кој го направила пред некој ден бил негативен, а својата радост Фабрегас ја сподели со фановите на социјалните мрежи.

„Го победи вирусот, а има 95 години. Вчера тестот покажа дека е негативна на коронавирусот. Мојата прабаба е херој и нејзината победа е мотив за сите нас.“ – порача Сеск.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Ќерката на Луис Енрике го остави Феран Торес, па си „фати“ негов соиграч

Сирa Мартинез е светска шампионка во јавање на младинско ниво, има 23 години и е фасцинира…