Италија ја победи Албанија со 2:1 во првото коло од групата „Б“ на Европскотп рвенство, Албанците во првата минута дојдоа до водство со голто на Недим Бајрам, а Италијанците успеаа да направат пресврт со погодоците на Алесандро Бастони и Николо Барел.
Во овој натпревар се истакна и италијанскиот стопер Рикардо Калафиори (22) кој доби место во селекцијата по повредата на Франческо Ачерби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Калифиори е играч на Болоња која во изминатата сезона се избори за сензационален пласман во Лигата на шампионите. Настапот против Албанија за Калифиори беше трет во кариерата за сениорската репрезентација и веднаш беше помеѓу најдобрите. Доби неколку воздушни дуели, имаше 93% успешни додавања, пет украдени топки, три пресечени напади и два успешни дриблинзи.
Калифиори со својата фигура дел од фановите ги потсетува на славните италијански стопери. Со стегаччот околу глава и долгата коса успеа да постигне фановите на социјалните мрежи да го споредуваат со Фабио Канаваро, Паоло Малдини и Алесандро Неста.
Riccardo Calafiori… This look is familiar 😮💨💎 pic.twitter.com/jHHzvjN3Pv
— Rising Ballers (@RisingBallers_) June 15, 2024
Во медиумите го поврзуваат со Јувентус и Челзи, а јавно му се воодушевуваше и новиот тренер на Челзи, Енцо Мареска. Последните информации од Италија говорат дека Калифиори сепак е најблиску до Јувентус каде што би работел со својот поранешен тренер, Тијаго Мота.
Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 30 милиони евра. Минатата сезона за Болоња одигра 37 натпревари во кои постигна два гола и запиша пет асистенции.