Евертон денес остана без тренер откако му врачи отказ на Марко Силва, а тоа беше и очекувано поради очајните резултати на „карамелите“ оваа сезона кои моментално се наоѓаат во зоната за испаѓање.
Евертон во последните 10 години на засилувања потроши околу 700 милиони евра, но не направи никаков исчекор во англискиот шампионат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само минатото лето купија фудбалери во вредност од 120 милиони евра, па беа доведени Ајвоби за 30 милиони евра, Моис Кин 28 милиони евра, беше откупен Андре Гомеш за 25 милиони евра…
По заминувањето на Роберто Мартинез и на клупата почнаа промашувањата. Ни Роналд Куман, ни Марко Силва не успеаа да го направат тимот претендент за Топ 4.