Дома Фудбал Репрезентации Потрошил 8.000 долари да го гледа Меси во живо, а на крајот Аргентинецот остана на клупата

Потрошил 8.000 долари да го гледа Меси во живо, а на крајот Аргентинецот остана на клупата

Често пати сме биле сведоци на необични приказни, а една таква сега ни пристигнува од Копа Амерка.

Имено, Канаѓанец кој бил голем фан на Меси потрошил 8.000 долари за да го гледа Аргентинецот во живо. Тој заедно со неговите три деца допатувале од Канада во Мајами да го гледаа Меси во живо, но тогаш доживеале големо разочарување.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Меси на тој натпревар поради повреда беше на клупата и воопшто не влезе во игра.

„Да, секако дека сум разочаран. Сето ова ме чинеше 8.000 долари. Купивме четири влезници по 1.200 долари, потоа четирите повратни билети од Торонто до Мајами, сместувањето во хотел…сето тоа чинеше 8.000 долари за на крај да не го видиме Меси како игра. Но, добро јас сум виновен, требаше да бидам подобро информиран“, изјави Канаѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Храбрата Турција не издржа: Холандија со пресврт закажа полуфинале со Англија! 🎥

Oдигра храбро Турција и остави добар впечаток, но сепак Холандија е последниот полуфиналис…