Дома Фудбал Англија Потенцијален проблем за Ливерпул: Клоп и претседателот не се согласуваат

Потенцијален проблем за Ливерпул: Клоп и претседателот не се согласуваат

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп неодамна жестоко ја критикуваше ФА поради тоа што клубовите во Англија играат премногу натпревари во текот на една сезона.

Англиските клубови покрај настапите во Премиерлигата, играат уште во ФА-купот и Лига Купот, а доколку изборат пласман во Европа, тогаш бројот на натпревари е уште поголем. Поради тоа Клоп јавно повика еден од куповите да биде укинат.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германецот неодамна одби да го предводи Ливерпул на меч во ФА-купот, а тоа предизвика различни реакции во јавноста. Но, Клоп сигурно ќе биде бесен откако ќе дознае каква е идејата на првиот човек на „црвените“, Том Вернер.

Англиските медиуми објавија дека Вернер сака да почне уште едно натпреварување, кое ќе се игра во рамки на подготовките. А, доколку се случи тоа „црвените“ ќе играат уште повеќе натпревари, што не му одговара на Клоп и неговите фудбалери.

Исто талка претседателот смета дека Ливерпул мора да ги користи најдобрите играчи во сите натпреварувања во кои настапува клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Флик забавата во Барса е загарантирана, но мора да се освојуваат и трофеи!

Ханзи Флик не отстапува од својата филозофија и тоа носи резултати. Барселона ја победи Бо…