Од наредната сезона многу веројатно е дека Илија Несторовски нема да го носи дресот на Палермо.
Палермо оваа сезона не успеа да се пласира помеѓу најдобрите во Серија А, а поради лошото финансиско работење на раководството овој клуб прво беше исфрлен во Серија Ц, за потоа таа одлука да се поништи. Палермо ќе биде дел од Серија Б и во новата сезона, но ќе започне со минус 20 бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради таквата ситуација играчите за кои постои интерес клубот од Сицилија тешко ќе ги задржи, а помеѓу нив е и Несторовски. За македонскиот напаѓач постои интерес од клубови во Серија А, но и од Црвена Звезда.
Дека навистина Звезда се распрашувала за Несторовски потврди и директорот на клубот, Фабрисио Лучези.
„Точно е дека Црвена Звезда го сака Несторовски, но за него интерес покажаа и други европски клубови. Ние нема да го дадеме лесно“, изјави Лучези за „Кориере дело Спорт“.
Според она што може да се прочита низ медиумите во Италија Палермо ќе го ослободи Несторовски за сума од околу седум милиони евра.