Екипата на Скендербег следните десет години тешко дека ќе преживее.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
УЕФА овој пат беше ригорозна, го казни учесникот во Лигата на Европа со 10 години суспензија од европските натпреварувања, но тоа не е се. Тие ќе мораат да платата и милион евра во касата на УЕФА поради местење на натпревари.
Што е уште полошо, не станува збор за временска казна, туку забрана за учество на Скендербег во европските натпреварувања во десетте наредни случаи кога преку домашното првенство ќе избори пласман во тие натпреварувања. Тие имаат право на жалба, останува да видиме дали УЕФА ќе попушти и дали албанскиот клуб воопшто ќе се жали.