Фудбалскиот сојуз на Алжир потврди, Ријад Марез, ги напуштил припремите на репрезентацијата поради реализација на неговиот трансфер.
Официјално е соопштено дека фудбалерот на Лестер ги напуштил припремите бидејќи треба да го официјализира неговиот трансфер во последениот ден од преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барем за сега се останува на тоа, се чека објава за новиот клуб.
Да потсетиме, најголем интерес за Марез претходно покажуваже Жозе Мурињо, но клубот не беше расположен да ја плати сумата која ја бара Лестер. Втората опција е Барселона, ако Ливерпул остана на ставот да не го пушти Кутињо на „Камп Ноу“, наводно Алжирецот би бил план „Б“.
Третата е Арсенал. Според некои информации Венгер би можел во последниот ден од преодниот рок да го продаде Алексис Санчез за 90 милиони евра и да го доведе Ријад Марез за 60.