Поренешниот голман на Реал Мадрид, Диего Лопез, од наредната сезона повторно ќе брани во Примера.
35 годишниот чувар на мрежата повеќе не е член на Милан. Голманот кој беше доведен од Реал Мадрид во 2014 година падна во втор план кога Синиша Михајловиќ почна да му дава шанса на Џиџи Донарума.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Одлучено e тој да биде продаден на Еспањол. Сумата засега не е позната, а искусниот чувар на мрежата со помалиот клуб од Каталонија потпиша договор до 2020 година.