Претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес најави голема промена во шпанскиот фудбал.
Имено, Рубиалес потврди дека од наредната сезона во понеделник нема да се играат натпревари во Ла Лига, додавајќи дека се уште се разгледува што ќе биде со петокот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ќе потсетиме многу клубови протестираа против лигашките натпревари во понеделник, а во Шпанија во последните месеци во неколку градови на натпреварите кои се играат во првиот ден од неделата е видено големо незадоволство.
„Почнувајќи од следната сезона во понеделник повеќе нема да се игра фудбал. Ќе се игра во сабота и недела, ќе видиме што ќе биде со петокот“, изјави Рубиалес.
Планот е во наредната сезона да се играат натпревари и во недела од 14:00 часот, а сигурно ќе има уште некои одредени корекции во самиот распоред.
Помеѓу оние кои се бореа за исфрлување на понеделник се навивачите на: Леванте, Џирона, Леганес, Рајо Ваљекано, Депортиво…
Овој понеделник од 21:00 часот се игра натпреварот помеѓу Леганес и Леванте и обично во овој термин се играат помалку атрактивните натпревари.
Во оваа прилика треба да се истакне и дека во Германија навивачите покажуваа незадоволство од играњето натпревари во терминот во понеделник во 20:30 часот. Меѓутоа таму се уште нема донесена никаква одлука за некаква промена.