Дома Фудбал Англија Постигнат е договор: Еве под кои услови Лампард се враќа во Челзи!

Постигнат е договор: Еве под кои услови Лампард се враќа во Челзи!

lampard

Постигнат е договор за враќање на легендарниот играч на „Стенфорд Бриџ“.

Останаа само уште детали. Се друго е договорено. Челзи и Френк Лампард повторно се спојуваат, овој пат во поинакви улоги. „Сините“ се договорија тој да го превземе местото шеф на стручниот штаб после заминувањето на Маурицио Сари и официјализација се очекува најдоцна до понеделник.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Познати се и условите по кои Лампард ќе се врати. Челзи прво ќе исплати на Дерби нешто помалку од пет милиони евра како оштета бидејќи Лампард со тимот од „Прајд Парк“ имаше договор до јуни 2021 година.

Договорено е Френк Лампард да потпише договор на три сезони со плата од 5.5 милиони фунти, околу шест милиони евра. Тоа значи дека за три сезони Лампард ќе инкасира 18 милиони евра под услов да остане до крај на договорот со се оштетата на Дерби Челзи на него ќе потроши 23 милиони евра.

Заедно со Лампард пристигнува и неговиот помошник Џоди Морис кој исто така е поранешен играч на Челзи, како и уште неколку луѓе од стручниот штаб на Дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јамал ја одбил понудата од Барселона

Ламин Јамал по одличната сезона во Барселона продолжи да игра одлично и за Шпанија на Евро…