Хрватот од редовите на Јувентус кој неодамна се врати од повреда наскоро ќе го напушти Торино, но само привремено.
22 годишниот фудбалер Марко Пјаца до крајот на сезоната ќе го носи дресот на германскиот бундеслигаш Шалке, пренесуваат италијанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како можни дестинации на Хрватот се споменуваа уште Монако, Зенит и Андерлехт, но во трката на крајот победи германскиот клуб.
Цената на позајмицата изнесува еден милион евра, плус 500.000 преку бонуси. Германците во договорот се обидуваа да вметнат и откупна клазула за Хрватот, но „старата дама“ таквото барање го одби, што е јасен знак дека во Торино во иднина сметаат на Пјаца.
Информацијата за позајмицата на Пјаца беше потврдена и од тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри.
„Имаме добар тим. Пјаца ќе биде испратен на позајмица бидејќи му е потребен континуитет. Сакаме да игра и да се врати на лето спремен за новата сезона“, изјави Алегри.