Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандес постигал договор со раководството за продолжување на соработката, потврди новинарот Томас Гонсалес.
Раководството на „кралскиот“ клуб е задоволен од дефанзивецот кој игра важна улога како на теренот, така и надвор од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Начо целата кариера е во Реал Мадрид, а за првиот тим е од 2010 година и за тој период освои многу трофеи, меѓу кои и 5 титули во Лигата на шампиони.
33-годишниот дефанзивец неодамна се врати во националниот тим и играше во квалификациите, а оваа сезона има одлични настапи и за Реал Мадрид.
Шпанскиот гигант му понудил едногодишен договор со опција за уште една година, а Начо наскоро ќе стави потпис.