Дома Фудбал Италија Постигнат договор: Донарума наскоро става потпис

Постигнат договор: Донарума наскоро става потпис

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па „росонерите“ веќе подолго време преговараат за продолжување на соработката.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а двете страни се блиску до договор.

Донарума наскоро ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност кон „росонерите“ до 2025 година и годишно ќе заработува 8 милиони евра по сезона.

21-годишниот голман веќе има 220 настапи во дресот на Милан и е прв голман на италијанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мереска го продава ланско засилување на Гвардиола од 31.000.000 евра

Голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд, наскоро би можел да го засили – Лидс. Как…