Дома Фудбал Германија После Ноер, нов „удар“ за германскиот гигант – Баерн остана без еден од најдобрите и во нападот

После Ноер, нов „удар“ за германскиот гигант – Баерн остана без еден од најдобрите и во нападот

Јуп Хејнкес во нов проблем.

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер ќе отсуствува околу три недели од терените откако заработи повреда на десниот бутен мускул, соопштија денес од управата на германскиот гигант.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Милер се повреди во натпреварот кој беше одигран изминатиот викенд против тимот на Хамбург, натпревар во кој Баерн славеше со 1:0.

Тој во игра влезе на стартот на второто полувреме, а се повреди во 52 минута при асистенцијата до Корентин Толисо кој го постигна единствениот погодок на натпреварот.

Милер поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Лајпциг во Купот на Германија и Бундеслигата, како и гостувањето кај Селтик во Лигата на шампионите, но и дербито против Борусија Дортмунд во првенството закажано за 4 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Милан продолжи со победите

Милан со пресврт успеа да слави над Болоња со 3:1, само неколку дена пред финалето на Купо…