Дома Трансфер зона После една година го напушта „Сан Сиро“: Андре Силва се сели во Премиер лигата

После една година го напушта „Сан Сиро“: Андре Силва се сели во Премиер лигата

Португалскиот репрезентативец Андре Силва минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но најверојатно ќе го напушти „Сан Сиро“ после само една година.

„Росонерите“ за него платија 38 милиони евра, но Андре Силва не се наметна во првиот тим и не ги оправда големите очекувања. Постигна 10 гола во сите натпреварувања, но само 2 во Серија А.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поради тоа Милан нема ништо против да се раздели со Португалецот, а најсилен интерес за него покажува новиот премиерлигаш, Вулверхемптон.

Вулверхемптон е во одлични односи со агентот на Силва, Жорге Мендеш и веќе работи на траснферот, а Милан за слободата на напаѓачот ја бара истата сума која му ја плати на Порто.

Наводно „волците“ се согласни да платат 38 милиони евра, па медиумите на Островот се оптимисти дека трансферот ќе се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња, ја одреди и цената

Бразилскиот репрезентативец, Рафиња на лето може да ја напушти Барселона, пренесуваат…