После Кутињо и Дембеле, Артур кој пристигнува во 2019, Гризман е веројатно е завршена работа, а со ваков дефанзивец би добиле се што треба.
Екипата на Барселона има намера да доведе едно засилување за кое сепак нема да им биде потребна астрономска сума.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесува „Индепендент“, Барса „будно“ ја следи ситуацијата околу Тоби Алдервилд и неговите преговори со Тотенхем околу новиот договор.
Белгиецот игра одлично откако пристигна во 2015 година од Атлетико Мадрид, но сега не сака да го продолжи договорот под исти услови.
Алдервилд има договор до 2019 година, што значи дека ова лето е последна шанса Тотенхем да заработи од неговото заминување и во Барса ова го сметаат за „зицер“ кој не смеатда го пропуштат.
Покрај Барселона, интерес за Алдервилд покажа и Ливерпул, но се очекува наскоро во трката за неговиот потпис да влезат уште неколку клуобови, посебно доколку фудбалерот и официјално одбие да преговара за нов договор.
Овој фудбалер во Барса би бил вистинска конкуренција на Жерар Пике и Самуел Умтити доколку новото засилување Јери Мина не ги оправда очекувањата.
Па, според сегашната ситуација во клубот можеме да кажеме дека доколку Ернесто Валверде успеаа да стигне до потписот на Алдервилд би имал соврешно склопен тим.