Дома Топ вести Последен ден од преодниот рок: Следете ги сите трансфери ВО ЖИВО!

Последен ден од преодниот рок: Следете ги сите трансфери ВО ЖИВО!

Последен ден од трансфер периодот, како и секогаш Спротски е тука праворевемено да ве известува за сите трансфери и трансфер новости. БИДЕТЕ ВО ТЕК…

– Договорено: Борусија Дортмунд и Челзи го договорија трансферот на Мичу Батшуаи кој ќе игра во германскиот клуб како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. (ОВДЕ)

– Иако Рафа Бенитез се надеваше дека ќе го доведе Елиаким Мангала од Манчестер Сити, изгледа дека овој стопер кариерата ќе ја продолжи во Евертон. (ОВДЕ)

– Како што пренесува „Билд“ Месут Озил го променил мислењето и ќе потпише нов договор со тимот на Арсенал (ОВДЕ)

– Џанлука Ди Марцио пренесува дека во овој момент шансите да се реализира трансферот на Пасторе во Интер се мали.

– Батшуаи пристигна на прегледи во Борусија

– Фудбалерот на Лестер Ислам Слимани, најверојатно ќе се пресели во редовите на Њукасл на позајмица до крајот на сезоната

– Според последните информации, Лукас Моура ги поминал медицинските прегледи во Тотенхем и ќе потпише договор за сума од 25 милиони фунти.

– Свонси во последниот ден од трансфер периодот покажа интерес за напаѓачот на Астон Вила, Андре Ајев

– Според последните информации, Златан Ибрахимовиќ се договорил и ќе стави потпис на договор со Лос Анџелес Галакси (ОВДЕ)

– Борусија Дортмунд го потврди трансферот на Пјер-Емерик Обамејнаг.

– Искусниот Матија Дебуши пристигна на лекарски прегледи во редовите на Сент Етјен.

– Официјално: Обамејанг е нов фудбалер на Арсенал

– Интер нема да го пушти Брозовиќ во Севиља доколку не успеат да договорат адекватна замена, пренсува Ди Марцио. (OВДЕ)

– Џонатан Силва од Спортинг Лисабон пристигна на лекарски прегледи во Рома

– Лестер ќе се обиде да го доведе Андрес Таузенд од Кристал Палас. Овој потег на лисиците веројатно најавува и заминување на Ријад Марез. (ОВДЕ)

-„Бјанконерите“ на Каљари му нудат 14 милиони евра, плус двајца свои фудбалери –Алберто Чери и Емил Аудеро, за услугите на Кван-Сон Хан (ОВДЕ)

– Џампаоло Пацини би можел во последниот ден од преодниот рок да премине во редовите на Леванте

– Официјлано: Јуто Нагатомо е нов играч на Галатасарај.

– Спалети го блокираше трансферот на Брозовиќ во Севиља.

– Официјално: По Адис Јаховиќ договор со Коњаспор потпиша и Самуел Ето.

– Ислам Слимани со приватен лет отпатувал на медицински прегледи во Њукасл каде што до крајот на денот ќе потпише договор со овој тим.

– Официјално: Севиља го доведе фудбалерот на Евертон Сандро Рамирез на позајмица до крајот на сезоната

– Оливие Жиру преминува во редовите на Челси за сума од 20 милиони фунти (22 милиони евра), Французинот со „сините“ ќе потпише договор на 18 месеци. (ОВДЕ)

– 17 годишниот голман Матео Ковар потпиша договор со Манчестер Јунајтед (ОВДЕ)

– Манчестер Сити ја подигна понудата за Ријад Марез на 65милиои фунти.

– 18 годишниот фудбалер Леандро Фернандез пристигна на лекарски прегледи во редовите на Јувентус, Холанѓанецот потпиша петгодишен договор со клубот од Торино. (ОВДЕ)

– Лукас Моура успешно ги помина медицинските прегледи и наскоро официјално ќе стане играч на Тотенхем, потврди „Скај Спорт“.

– Самир Насри од денес е словоден агент откако го раскина договорот со турскиот прволигаш Анталиаспор.

– Наполи започна преговори со Евертон за трансфер на Дејвид Класеен.

– Интер и дефинтивно ги губи шансите да го доведе Хавиер Пасторе, потврди агентот на фудбалерот. (ОВДЕ)

– Официјално: Оливие Жиру е нов фудбалер на Челси (ОВДЕ)

– Официјално: Батшуаи нов фудбалер на Борусија Дортмунд (ОВДЕ)

– Лестер никако не попушта, според последните информации на „Скај Спорт“, Ријад Марез останува фудбалер на Лестер и покрај неговата желба да замине. (ОВДЕ)

– Официјално: Џампаоло Пацини нов фудбалер на Леванте

– Официјално: Демба Ба нов фудбалер на Гозтепе (ОВДЕ)

– Oбамејанг во Арсенал ќе го носи дресот со број 14.

– Искусниот Аргентиенц, Агусто Фернандез од Атлетико Мадрид преминува во редовите на кинескиот Пекинг Рен (ОВДЕ)

– Официјално: Матија Дебуши нов фудбалер на Сент-Етјен.

– Официјално: Лукас Моура е нов фудбалер на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…