Дома Топ вести Готово: Борусија го договори Батшуаи – нема пречки за Обамејанг!

Готово: Борусија го договори Батшуаи – нема пречки за Обамејанг!

Борусија Дортмунд и Челзи го договорија трансферот на Мичу Батшуаи кој ќе игра во германскиот клуб како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Останува денес белгискиот напаѓач да ги помине лекарските прегледи и официјално да стави потпис на договорот со „милионерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа значи дека повеќе нема да има никаква пречка за реализација на трансферот на Обамејанг во Арсенал. Габонецот е во Лондон и чека зелено светло до Борусија, која не сакаше да го потврди трансферот се додека не најде адекватна замена.

Од друга страна пак Челзи го договори трансферот на Оливие Жиру од Арсенал и му дозволи на Батушуаи да се пресели во Борусија Дортмунд.

Трите трансфери ќе бидат официјализирани до крајот на денешниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…