Изгледа дека нема ништо од најавуваниот трансфер…
ПСЖ и Интер не успеаа да се договорат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пасторе останува во Париз. Аргентинецот сака да замине, Интер нуди пет милиони за позајмица, но ПСЖ инсистира на целосен откуп. Тие мораат да продаваат играчи поради ФФП, а денешните состанци, не донесоа добри вести за „нероаѕурите“.
Поради тоа нема да замине и Марсело Брозовиќ. Спалети го стопираше трансферот на Хрватот, тој нема да замине доколку не биде доведено адекватно засилување.
Интер се обидуваше да го доведе и Нико Гаитан, се споменуваше и Вендел, но Спортинг ги доби.
Преодниот рок во Италија завршува вечерва во 23 часот и за Интер останува се помалку време да го доведе посакуваното засилување.