Крај на надежите за Интер, Хавиер Пасторе останува во Париз познати и причините зошто Аргентинецот не заврши во Серија А.
Агентот на Хавиер Пасторе ја напушти Италија и се врати во Париз откако не успеа да постигне договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најголемото засилување на Интер овој преоден рок требаше да биде Хавиер Пасторе, но овој трансфер го стопираа кинеските сопственци.
Проблемот настана во моделот на позајмицата. На крајот ПСЖ се согласи неговото останување да биде поврзано со резултатите на Интер, но и да биде седум милиони евра, а не пет колку што нудеше управата на „нероаѕурите“.
Сепак од Кина беше спуштена „рампа“. „Сунинг“ не сакаше да плати толку па на крајот агентот на фудбалерот се врати во Париз.