Дома Трансфер зона Јуве ја доби битката: „Бисерот“ на ПСВ пристигна на прегледи во Торино!

Јуве ја доби битката: „Бисерот“ на ПСВ пристигна на прегледи во Торино!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус го договорил трансферот на 19 годишниот талент на ПСВ, Леандро Фернандес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за офанзивен играч за врска кој ги помина сите младински категории во холандската репрезентација, па експертите му предвидуваат блескава иднина.

Фернандес денес пристигна во Торино на медицински прегледи, а до крајот на денот и официјално треба да стави потпис на 5-годишен договор.

За него силен интерес покажуваа неколку европски гиганти, пред се Манчестер Сити, но Јувентус беше најконкретен.

Финансиските детали од трансферот не се познати, а до крајот на сезоната Фернандес ќе тренира со младинскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…