Дома Трансфер зона Ибра потпиша: Ова е неговата следна дестинација

Ибра потпиша: Ова е неговата следна дестинација

Манчестер Јунајтед му ја отвори излезната врата на Златан Ибрахимовиќ, а и самиот Мурињо потврди дека напаѓачот може да си оди.

Како што пренесува угледниот „Екип“ договорот е постигнат уште пред три недели и Ибрахимовиќ веќе ставил потпи на договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговата следна дестинација ќе биде Лос Анџелес, каде ќе биде заштитно лице на ЛА Галакси и сигурно најголем „бренд“ кој пристигнал во САД после Дејвид Бекам.

Ибрахимовиќ се врати на терените после тешката повреда, но повторно се повреди и моментално е надвор од теренит.

Извор близок до ЛА Галакси потврди дека се е договорено и дека Ибра доаѓа во клубот.

Се уште не е јасно дали Ибра ќе замине во САД во март кога што започнува сезоната во МЛС лигата или на крајот на сезоната, односно на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…