Дома Македонски спорт Мак фудбал Посилен Статут – подобра организација. ФФМ заедно со УЕФА и ФИФА го започнаа процесот за ревизија на Статутот на федерацијата

Посилен Статут – подобра организација. ФФМ заедно со УЕФА и ФИФА го започнаа процесот за ревизија на Статутот на федерацијата

Фудбалската федерација на Македонија заедно со УЕФА и ФИФА го започнаа најавениот процес на разгледување и ревизија на Статутот на ФФМ согласно стратешкиот план на федерацијата и согласно праксата на добро раководење.

Работни групи во кои се вклучени претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА веќе работат на драфт верзија на Статутот на федерацијата базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претставниците на УЕФА и ФИФА истакнуваат дека целта е да се дојде до решение кое ќе овозможи „посилен Статут – подобра организација“, а силна појдовна основа е актуалниот Статут на ФФМ, исто така базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА. 

Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ, вели дека федерацијата останува посветена на зацртаните активности и утврдените цели.

„Согласно стратешкиот план на ФФМ, еден од носечките столбови, добро раководење го предвидува проектот за ревидирање на Стаутот и понатамошните активности во однос на реформи во регулативите на Фудбалската федерација на Македонија. 

Како што и планиравме, веднаш по завршување на квалификациските натпревари, заедно со нашите партнери ФИФА и УЕФА го започнавме процесот на ревизија на Статутот со однапред утврдени работни групи. 

Многу сме задоволни од овој работен состанок затоа што е дел од основниот столб, доброто раководење и од овој процес ќе произлезат голем дел на иницијативи и активности кои ќе се имплементираат согласно утврдената динамика. Остануваме посветени на поставените активности и однапред утврдените цели“, изјави Филип Поповски.

Лука Никола и Јан Хефнер се претставници на Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) на работните состаноци организирани од ФФМ.

Лука Никола – раководител на Национални асоцијации за управување, претставник на УЕФА: 

„Сакам да го искажам моето задоволство од нашата конструктивна дискусија во изминатите два дена во Скопје. Заедно со вашата федерација започнуваме процес на изработка на драфт верзија на Статутот на ФФМ. 

Искрено се надеваме дека заеднички ќе понудиме квалитетно решение кое значи усогласеност со Статутите на УЕФА и ФИФА и се разбира со националното законодавство. Впрочем, како што ФФМ и досега функционираше согласно праксата на добро раководење, почитување на законските регулативи и координираност со УЕФА и ФИФА.

Ова е процес, работиме на “жива материја”, одлично е што го слушаме вашето размислување и се надевам дека навистина ќе дојдеме до решение кое ќе биде прифатливо за сите заинтерсирани страни можеби веќе на некое од следните Генерални собранија на вашата федерација“. 

Софија Малициа – менаџер за раководни услуги, претставник на ФИФА: 

„Навистина нѐ радува досегашната заедничка работа поврзана со Статутот на Фудбалската федерација на Македонија. 

Во основа, ние сме овде да разбереме која е намерата и целта на вашата федерација и заедно со луѓето вклучени во работните групи да дојдеме до решение кое е прифатливо за сите заинтересирани страни. Секако како основа и тоа многу силна и квалитетна го имаме досегашниот Статут на ФФМ кој исто така е базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА. 

Во овој момент, ние ја гледаме “големата слика” поврзана со главниот правен документ на федерацијата. Но, на крајот ќе се потрудиме да дојдеме до степен на унапредување на Статутот бидејќи праксата и во многу други федерации покажува дека тоа е добро и за самата организација. Сѐ во насока, посилен Статут – подобра организација. 

Во изминатиот период вие имавте одлични резултати на теренот, ние сме овде да дадеме придонес да го следите тој чекор и надвор од теренот. Гледајќи ги луѓето кои се вклучени во процесот, организацијата на работните состаноци и темите кои обработуваме, немам сомнеж дека ќе успееме да направиме одлична работа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…