Дома Топ вести Португалците тврдат дека имаат извори и аргументи: Еве зошто Кутињо и Гризман можат во Њукасл

Португалците тврдат дека имаат извори и аргументи: Еве зошто Кутињо и Гризман можат во Њукасл

Moхамед Бин Салман наскоро ќе стане газда на англискиот Њукасл и медиумите веќе на големо пишуваат дека ова е почеток на создавање на тим кој ќе бори за најголемите трофеи.

Принцот на Саудиска Арабија нема да штеди и наводно сака веднаш да направи супер тим. Португалската „А Бола“ повикувајќи се на свои извори од Англија денес пишува дека во негов план се Фелипе Кутињо и Антоан Гризман, двајцата се во сопственост на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Својата информација тие ја поткрепуваат со тоа што тврдат дека и Салман знае дека на Барселона и се потребни пари за да доведе некој од Нејмар и Лаутаро Мартинез, па затоа сака по секоја цена да го продаде Кутињо кој во овој момент е позајмен на Баерн.

Баерн има опција да го откупи Кутињо за 120 милиони евра, меѓутоа според игрите кои ги прикажа такво нешто не се очекува, а во Каталонија пак Бразилецот е вишок.

Додека ситуацијата кај Кутињо е поедноставна, онаа кај светскиот шампион баш и не е. Имено, Французинот минатото лето пристигна од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но во Барселона засега не се адаптираше најдобро. Се пишуваше и дека има проблем со комуникацијата со најголемата ѕвезда во Барселона, Лионел Меси. На теренот пак е очигледно дека Гризман е далеку од хемијата која меѓусебно ја создадоа Меси и Суарез. Тука се потсетува и на изјавата на Меси од пред некое време кога јавно потврди дека сака да ги види Нејмар или Лаутаро во Барселона.

Дали има прилика и дали ако ја има ќе ја искористи принцот останува времето да покаже.

Тука можете да прочитате за најавата на Англичаните од пред неколку дена за моќен Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…