Селекцијата на Португалија која важи за еден од „фаворитите од сенка“ на Европското првенство ќе ги има двајцата најстари фудбалери – Пеп и Роналдо!
Ветеранот од редовите на Порто и член на репрезентацијата на Португалија има 41 година, но и понатаму е столб на одбраната и прикажува настапи на највисоко ниво.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На листата најстари фудбалери и вториот доаѓа од редовите на Португалија, а тоа е ни помалку, ни повеќе човекот кој оваа година е една од најголемите ѕвезди на турнирот, Кристијано Роналдо. Роналдо Европското првенство во Германија го дочекува со 39 години и четири месеци.
Роналдо е рекордер и ќе стане единствениот играч со настап на шест европски првенства и ќе се обиде да дојде до својот втор трофеј по оној во 2016 година.
Зад двајцата Португалци следи хрватскиот ветерaн Лука Модриќ кој на 9. септември ќе наполни 39 години, зад него следат Хесус Навас (Шпанија), Ѓорѓи Лорија (Грузија) и Мануел Нојер (Германија).