Дома Фудбал Останато Поранешен фудбалер отворено: Трошев и по 15.000 евра во еден ден…

Поранешен фудбалер отворено: Трошев и по 15.000 евра во еден ден…

domingez

На само 27 години поради болки во грбот се одлучи да го напушти фудбалот, а сега открива интересни детали од својот живот.

Алваро Домингез (28) пред десет години ветуваше голема кариера. Тогаш 18 годишниот шпански централен дефанзивец дебитираше во редовите на Атлетико и се очекуваше со текот на годините да стане носител на одбраната на клубот кој го создаде.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Честите повреди влијаеа на неговите настапи па во 2012 година се пресели во германската Борусија Менхенгладбах каде што само четири години подоцна ја заврши кариерата, поради болки во грбот, а сега зборуваше за „Ел Мундо Депортиво“.

„Еден ден после операцијата сфатив дека повеќе нема да играм. Ги повикав родителите да ми објаснат што имам: Пари, имот, се… До тогаш тие се грижеа за тоа. Додека играш фудбал ти навистина не знаеш колку си заработил, едноставно не те интересира бидејќи знаеш дека имаш премногу пари за трошење“.

„Сега живеам така што се обидувам да не ја трошам заштедата, ниту пак да продавам се што стекнав. Скам да ја работам работата која ја сакам, без оглед дали за тоа добива илјада или десет илјади евра. Сега се занимавам со недвижности и се чуствувам привелигиран што можам тоа да си го дозволам“, зборуваше Домингез.

Во текот на кариерата трошел пари без размислување…

„Страшно скапи автомобили, исти такви часовници… Имав се. Кога си фудбалер не ги цениш парите. Со авион одиш на вечер и тоа го сметаш за нормално. На излегување со пријателите сфатив дека за еден ден потрошив 15.000 евра. Веројатно луѓето кои го читаат ова мислат дека сум глуп. Тоа сакаш да го направиш еднаш да видиш како е, но тоа не е реалност’, опишуваше Домингез.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО Голот на Влаховиќ – еден од најубавите потези во второто коло во ЛШ

Во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус блесна и напаѓачот на српската фудбалска реп…