Поранешниот супер талент на Ливерпул, Џејми Кесиди е осуден на 13 години и три месеци затвор откако признал дека продавал дрога и се стекнал со милионско богатство, пренесуваат медиумите во Англија!
Кесиди сега има 46 години и беше еден од најдобрите стрелци во земјата за време на неговите тинејџерски години. Играше со Џејми Карагер и Мајкл Овен и успеаа да го освојат младинскиот ФА куп во 1996 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, поради повреди предвреме да ја заврши кариерата и во меѓувреме се вклучил во криминал заедно со постариот брат Џонатан (50) кој е осуден на 22 години затвор.
Двајцата увезувале кокаин од Јужна Америка во Ливерпул и го дистрибуирале по улиците на овој град, но и други делови на Островот.
Пратките биле скриени во модифицирани возила и пристигнале преку Амстердам од Бразил, Колумбија, Еквадор и Боливија. Кога станува збор за Ливерпул задачата на Џејми била да го дистрибуира во Англија и Шкотска преку неговата мрежа.
Обвинителот за време на судењето изјави дека Кесиди бил еден од клучните играчи во шемата за трговија со луѓе, а пред да бидат уапсени во 2020 година, се забележува дека заработиле некаде околу 30 милиони евра.
Ex-Liverpool prodigy Jamie Cassidy who won silverware with Premier League giants is jailed for 13 years after drug plothttps://t.co/GxfJ8E1dNb pic.twitter.com/NA9aB1lfSU
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) March 21, 2024