Дома Останати Кошарка НБА Поранешен УФЦ борец: Со Леброн купуваме дpoга од ист дилеp 🎥

Поранешен УФЦ борец: Со Леброн купуваме дpoга од ист дилеp 🎥

Некогашниот УФЦ борец кој денес е во пензија го шокираше светот со изјавата дека Леброн Џејмс користи нелегални супстанци за да биде подобар на кошаркарскиот терен.

Во овој момент тој работи како промотер на борбите и ММА аналитичар. Тој во гостувањето во една емисија истакна дека најдобриот стрелец во историјата на НБА користи еритропоетин кој се произведува во специјални ќелии на бубрезите и влијае на производство на црвените крвни зрнца.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Можеби другите кошаркари ќе кажат дека не е важно, но ако знаеш како влијаат овие супстанци тогаш ќе знаеш дека е важно“.

Исто тој така своето тврдење го аргументираше со тоа дека таквите супстанци ги набавувале од ист човек.

„Со Леброн имаме ист дилер и затоа знам што точно зема. ЕПО ти дава поголема издржливост, максимално ти ги подобрува перформансите. Многу се користи и кај велосипедистите“, истакна поранешниот УФЦ борец.

Делот за Леброн е на 1:40:00 од видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Монструозниот забивач од НБА на 35 години објави крај на кариерата

Aмериканецот Блејк Грифин објави дека става крај на неговата голема кариера. Грифин ја нап…