Во 2009 година се случи големиот трансфер на Златан Ибрахимовиќ од Интер во Барселона.
Ибрахимовиќ во тоа време беше веројатно најдобриот голгетер во Европа, а Барселона за него плати пари и плус го испрати Самуел Ето во Милано.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Швеѓанецот одлично започна во Барселона. Меѓутоа подоцна не се согласуваше со Пеп Гвардиола, Златан сакаше поинаков фудбал. Ибрахимовиќ затоа беше седнат на клупата и на негово место поголема шанса добиваше Бојан Кркиќ.
Се пишуваше и дека Лионел Меси не се согласувал со Ибрахимовиќ и затоа неизбежно било неговото заминување.
Сега медиумите објавија дека Аргентинецот стравувал дека нема да игра.
„Гледам дека повеќе нема да бидам толку важен за тимот“, наводно му пишал Меси на Пеп, тврдат Шпанците.
Ибрахимовиќ во Барселона постигна 21 гол на 45 натпревари за Каталонците.
? ‘I can see that I am no longer important to the team, so…’
— GiveMeSport Football (@GMS__Football) October 7, 2019
Bet Pep’s stomach dropped when he received this ?#FCB #Messi #Zlatanhttps://t.co/rUVREAkJSC