Дома Топ вести Понуда која не може да се одбие: Деле Али го прави трансферот на кариерата?

Понуда која не може да се одбие: Деле Али го прави трансферот на кариерата?

deleali

Одличниот играч за врска на Тотенхем, Деле Али без сомнение е еден од најдобрите фудбалери во светот.

Овој 21-годишен фудбалер целосно експлодираше во дресот на лондонскиот тим, а стана и незаменлив член на репрезентацијата на Англија. Али и оваа сезона игра одлично. Поради тоа, често е поврзуван и со заминување од Тотенхем, а англиските медиуми тврдат дека наскоро би можел да направи голем трансфер и да стане член на Манчестер Јунајтед.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Се разбира, „Црвените ѓаволи“ за услугите на одличниот играч на Тотенхем се подготвени да понудат дури 180 милиони фунти, што по трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ би бил најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, а и најголем трансфер во англија на сите времиња.

Сепак, ова сега за сега се само шпекулации. Али има договор со Тотенхем, а покрај Јунајтед, интерес за неговите услуги претходно покажаа Реал Мадрид и Барселона. Интересно, Али во 2015. година пристигна во Тотенхем од МК Донс за „само“ пет милиони фунти и покажа дека неговиот трансфер е најдобра завршена работа во историјата на клубот.

Али оваа сезона одигра 16 натпревари. Седум пати се запиша во стрелците, а четири пати асистираше за гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Парите се спремни: Познато колку Манчестер Сити е спремен да потроши за замена за Родри

Манчестер Сити остана без Родри до крајот на оваа сезона, а тој е играч кој беше клучен во…