Италијанските медиуми пренесуваат дека Кристиано Роналдо ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус.
Јувентус има финансиски проблеми и е спремен да го продаде 35-годишниот Португалец бидејќи е свесен дека ова е последна можност да заработи од неговото заминување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Новиот тренер Андреа Пирло нема да се противи на неговото заминување, а италијанските медиуми тврдат дека пристигнала богата понуда.
Имено, неговиот агент Жорге Мендеш веќе подолго време е во преговори со Пари Сент Жермен, кој сака да го донесе Роналдо во Париз.
„Светците“ се спремни да понудат 60 милиони евра за Португалецот, сума која најверојатно ќе ги задоволи апетитите на „старата дама“.
Тоа ќе му овозможи на Јувентус да донесе нова голема ѕвезда во нападот бидејќи ќе заштеди и од високата плата на Роналдо, кој во Торино заработува 33 милиони евра по сезона.