Српскиот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ со слабите настапи оваа сезона во Серија си ја преполови својата вредност на трансфер пазарот.
После минатата сезона во Европа владееше голем интерес за Милинковиќ Савиќ, се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид, Јувентус…Сега наводно за него се интересира само Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен што само „нероаѕурите“ се заинтересирани да го доведат на „чизмата“ се пишува и дека нивната понуда ќе биде „само“ 50 милиони евра – двојно помалку од она што можеше Лотито да добие минатото лето.
Лотито сигурно можеше да добие 100 милиони евра за Сергеј минатото лето, но тој сакаше огромни 150 милиони евра. Поради настапите на Савиќ Лотито сега не може да „извади“ ниту стотка.
Џузепе Марота кој го сакаше Савиќ и во Јувентус, според информациите ќе се обиде да го доведе и во Интер, но како што споменавме тешко дека понудата на „нероаѕурите“ ќе биде поголема од 50 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=SisNGz-ychw