Дома Топ вести Понудата е спремна: Барселона избра стопер – Калид Кулибали!

Понудата е спремна: Барселона избра стопер – Калид Кулибали!

koliubaly

Според тврдењата на шпански „Дон Балон“, Барслелона тргнува по еден од најдобрите играчи на Наполи!

Како што наведува „Дон Балон“ Барселона веќе започнала да работи на трансферот. Мета на Каталонците е – Калид Кулибали!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона бара засилување во одбраната бидејќи Хавиер Маскерано го напушти клубот во јануари, а истото се очекува и од Томас Вермелен и Јери Мина, фудбалери кои не оставија добар впечаток.

Наполи наводно добил понуда од 40 милиони евра и три играчи и еден од Андре Гомеш, Пако Алкасер и Денис Суарез, сите тројца се на излезни врати од клубот.

Наводно, веќе се слушнало и мислењето на Лионел Меси кој дал „зелено светло“ за пристигнување на Сенегалецот. Јасно е дека во Каталонија зборот на Меси е од голема важност.

Кулибали претходно се поврзуваше со англиските гиганти Ливерпул и Челзи, но доколку Де Лаурентис ја прифати понудата, многу лесно би можело да се случи дефанзивецот да ја избере Барселона.

Репрезентативецот на Сенегал зад себе има одлична сезона, а го очекува и настап на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…