Герет Бејл ќе го напушти Реал Мадрид следниот месец откако ќе му истече договорот.




Бејл во изминатата сезона не играше многу и со оглед на целата ситуација беше јасно дека двете страни чекаат да истече договорот за да се разделат, па така Велшанецот ќе бара нова средина.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Неговиот агент неодамна потврди дека Бејл има голема желба да остане во Шпанија бидејќи таму навистина му се допаѓа на неговото семејство и дека клубовите од Ла Лига ќе имаат предност пред другите.




Мадридски „АС“ утрово објави дека агентот на Бејл долго време е во акција и со сите сили се обидува на Бејл да му најде нов клуб во Шпанија и секако приоритет е да биде клуб кој има високи амбиции.




Наводнои агентот на Бејл пред неколку дена ги контактирал челниците на Атлетико Мадрид и им го понудил на Бејл, а тие во прв момент покажале интерес да се отворат преговори. Сепак, се пропаднало кога бил известен Диего Симеоне, искусниот стратег веднаш ставил до знаење дека Бејл му е непотребен.




Се шпекулира и дека Бејл би можел во Севиља, а доколку пропадне и таа можност најверојатно ќе се врати во Англија.