Дома Останати Тенис Поминаа 27 години од најсрамната сцена во историјата на тенисот, после тој ден многу работи се променија (ФОТО+ВИДЕО)

Поминаа 27 години од најсрамната сцена во историјата на тенисот, после тој ден многу работи се променија (ФОТО+ВИДЕО)

По тој момент ништо не беше исто во тенисот.

Точно 27 години поминаа од веројатно најсрамната сцена која тенисот ја памети.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славната тенисерка Моника Селеш на денешен ден во 1993 година беше нападната со нож на турнирот во Хамбург во текот на мечот против Магдалена Малаева.

Тенисерката од Нови Сад го доби првиот сет со 6:4, во вториот беше 4:3 кога од трибините влета Гинтер Парха и со нож ја нападна од зад грб. Како причина Германецот го наведе што таа била голем ривал на Штефи Де Граф чиј голем навивач бил тој. На крајот тој кривично не одговараше затоа што судот процени дека бил ментално непресметлив. Својата казна од две години ја помина во психијатриска болница на лекување.

Селеш поради оваа повреда паузираше две години, а по враќањето никогаш не заигра во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…