Иако веќе поминаа неколку дена од вечното београдско дерби помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан, прашината се уште ја има поради хулиганските испади.
Како што во јавноса е познато, во центарот на вниманието се хулиганите од Хрватска, шест од нив, кои се обвинети за насилно однесување на спортскиот настан, а еден од нив нив поради добиените повреди тој ден се уште е во болница.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Останатите петмина веќе беа на сослушување и одреден им е притвор од 30 дена. Медиумите од Србија секојдневно објавуваат и продолжување на оваа приказна, а најновата ја донесува Курир кој пренесува дека полицајците извшиле претрес во хотелската соба на хулиганите, каде што, меѓу останатото, имаат пронајдено и упатство за нападот на дербито.
Сигурно дека овој индидент на јужната трибина нема така лесно да се прости, а нас ни останува во следните денови да почекаме и да ги дознаеме и останатите детали од оваа приказна. Едно е сигурно – тие повеќе нема да бидат на фудбаслките терени.