Дома Фудбал Англија Покетино потврди: Кејн е неизвесен!

Покетино потврди: Кејн е неизвесен!

Лоши вести тимот на Тотенхем.

Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата Хари Кејн е под знак прашалник за наредниот натпревар.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Како што денес пренесуваат англиските медиуми, Кејн се разболел и не е во состојба да тренира пред гостувањето кај Свонси.

Тотенхем нема да игра викендот, натпреварот кој „петлите“ требаше да го играат против Вест Хем е одложен поради хаосот во Лондон, но веќе во вторник следи ново коло.

„Кејн е настинат, тој е во својот дом и се уште не знаеме дали ќе биде спремен за Свонси. Во овој момент не можеме ништо да знаеме, ќе видиме каква ќе биде неговата состојба во наредниот период“, изјави Покетино.

Не е исклучено и Кејн да добие неколку слободни денови бидејќи веќе во четврток ги очекува натпревар против Вест Хем, па двата натпревари во два дена би можеле да придонесат за влошување на неговата состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…