Дома Трансфер зона Покетино и Кејн во пакет на „Сантиаго Бернабеу“

Покетино и Кејн во пакет на „Сантиаго Бернабеу“

Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања, па се позасилени се шпекулациите дека на лето ќе има радикални промени на „Сантиаго Бернабеу“.

Последната информација која ја пласираа шпанските медиуми е дека Маурисио Покетини и Хари Кејн од Тотенхем во „пакет“ ќе се преселат во Мадрид за да ги заменат Зинедин Зидан и Карим Бензема.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Претседателот на „кралевите“ смета дека Покетино ќе биде идеална замена за Зизу, а неговите симпатии кон Хари Кејн се добро познати од поодамна.

Оваа вест денес ја пренесе шпанската телевизија „La Porteria“, а претходно „Марка“ излезе со вест дека главната цел за централен напаѓач е Роберт Левановски кој треба да формира ново напаѓачко трио заедно со Нејмар и Азар (види ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…