Уругвајскиот „Ел Паис“ објави дека елегендарниот Луис Суарез кон крајот на годината ќе стане нов играч на Интер Мајами.
Во новиот клуб, Суарез би се придружил на Лионел Меси со кој во Барселона ги освои сите можни трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суарез на 37 години игра одлично во Гремио и на 46 натпревари постигна 19 и намести 16 голови, а под негово водство клубот минатата сезона се избори за промоција еден ранг погоре.
Договорот на Суарезз со Гремио истекува на крајот од сезоната, па затоа Интер Мајами не би требало да плати ништо. Покрај Меси, Суарез во МЛС клубот повторно ќе заигра и со Жорди Алба и Серхио Бускетс.