Дома Трансфер зона Познато со кои клубови денеска ќе разговараат Раиола и таткото на Халанд

Познато со кои клубови денеска ќе разговараат Раиола и таткото на Халанд

Мино Раиола и таткото на Ерлинг Халанд денеска се во работна посета на Шпанија каде ќе разговараат со челниците на Барселона и Реал Мадрид.

Норвежанецот на крајот од оваа сезона веројатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а Раиола и неговиот татко веќе започнаа да разговараа со заинтересираните клубови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тие денеска прво допатуваа во Барселона каде ќе се сретнат со Хуан Лапорта, а потоа ќе продолжат за Мадрид на состанок со Флорентино Перез.

Но, тоа не е се. Раиола и Халанд постариот веќе утре се на пат за Англија каде ги чека многу работа.

Имено, тие утре имаат договорени состаноци со челниците на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Челси, каде ќе слушнат што овие клубови нудат за младиот напаѓач.

Од Дортмунд порачаа дека не сакаат да го продадат Халанд ова лето, но се чини дека скоро невозможно е да го задржат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Понудата пристигнува порано од очекуваното: Модриќ го „натера“ Милан да се активира

Лука Модриќ е хит во Италија! Хрватскиот маестро, кој летоска пристигна во Милан, ги фасци…