Дома Трансфер зона Познато кога Гризман ќе биде претставен на „Ноу Камп“?

Познато кога Гризман ќе биде претставен на „Ноу Камп“?

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман судејќи според се кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Гризман на крајот на минатата сезона објави дека сигурно го напушта Атлетико Мадрид, а доказот дека заминува го добивме пред неколку дена кога неговиот број со дрес 7 Атлетико го додели на Жоао Феликс.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Веќе долго време се шпекулира дека Гризман сигурно ќе премине во Барселона, а сега изгледа е само прашање на време кога тој трансфер ќе биде официјализиран.
Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу вчера потврди дека ги започнале преговорите за трансфер на Гризман и дека во наредните денови се ќе биде понзати.

Но, изгледа дека работата е завршена. „Мундо Депортиво“ денес објави дека Гризман на 12-ти јули ќе биде претставе на „Ноу Камп“ како нов играч на Барселона.

Овој трансфер би требало да изнесува околу 120 милиони евра, додека Гризман во Барса се очекува да заработува околу 20 милиони евра по сезона за договор на пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …