Дома Топ вести Познато зошто Де Јонг одбива трансфер, заработува богатство во Барселона

Познато зошто Де Јонг одбива трансфер, заработува богатство во Барселона

Барселона и Манчестер Јунајтед се се поблиску до договор за трансфер на Френки де Јонг на „Олд Трафорд“, но самиот играч продолжува да одбива да ја напушти Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холанѓанецот е решен да остане во Барса и моментално нема намера да ја промени својата одлука, а позната е причината поради тоа.

Каталонски „Спорт“ објави дека Де Јонг не сака да замине од Барселона затоа што има неверојатен договор според кој од сезоната 2022/23 би заработувал по 50 милиони евра бруто, односно 25 милиони евра нето.

Холанѓанецот моментално заработува 16 милиони евра, но според договорот од следната сезона неговата плата ќе порасне на 25 милиони евра.

Токму тоа е и причината поради која Барселона сака да го продаде и инсистира на неговиот трансфер.

„Црвните ѓаволи“ може да му понудат добри услови, меѓутоа не можат да му гарантираат 25 милиони евра по сезона нето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…