Како што стојат работите повеќе нема дилеми, најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ си заминува од Уникс Казањ и негов следен чекор ќе биде Евролигата.
Тимот на Олимпија Милано ќе биде следната дестинација на Македонецот. Димитријевиќ ги договорил сите детали со италијанскиот клуб и ќе потпише договор до 2026 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипата на Олимпија Милано зад себе има разочарувачка сезона во Евролигата и не успеа да се избори за место во плеј-офот, па поради тоа тимот тргна во потрага по адекватни засилувања.
Димитријевиќ мина две одлични сезони во тимот на Уникс. Минатата сезона го предводеше овој тим до титулата во ВТБ лигата каде што го освои и МВП признанието во финалната серија против Локомотива.
Сезонава исто така е одличен, сруши низа рекорди и беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната.