Италијанските медиуми пишуваат дека работата е договорена.
Познатиот новинар Клаудио Русо тврди дека се е готово и дека играчот за врска на Наполи, Жоржињо се сели во редовите на Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што се наведува Наполи од трансферот на Жоржињо ќе заработи 48 милиони евра, но таа сума би можела да биде и поголема доколку се исполнат одредени бонуси од договорот.
Познато е и колку 26 годишниот ќе заработува во редовите на „граѓаните“. Годишната плата ќе му изнесува 4.5 милиони евра.
Манчестер Сити за Жоржињо би бил трет клуб во кариерата после Верона и Наполи.
Да потсетиме, „граѓаните“ неодамна останаа без Јаја Туре, па од Жоржињо се очекува да ја пополни празнината во средниот ред.
Manchester City have agreed a €48m fee with Napoli for Jorginho. The midfielder is set to earn €4.5m-per-year. (Source: @claudioruss) pic.twitter.com/AKot0uOYvc
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 30, 2018