Колин Шиф, еден од најдобрите светски неврохирурзи денеска ја шокираше спортската јавност.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, тој откри дека најпознатиот Ф1 возач, Михаел Шумахер кој веќе со години е како билка, по страшната несреќа со која се здоби на скијање, никогаш повеќе нема да биде ист.
Шиф ги уби надежите на сите блиски на Шумахер, и истакна дека тој никогаш нема да закрепне.
„Неговиот мозок претрпе голема штета, со оглед на повредите и информациите со кои располагаме, па така неговиот мозок не функционира како на сите останати. Колку е подогло во оваа состојба, толку потешко е да се очекува дека би можел да биде подобро. Речиси сигурно е дека ситуацијата нема да оди кон подобро. Шумахер не може да зборува, можеби и може да покаже некое чувство и да слуша музка, можеби и гледа, но неговите мускули повеќе како да не постојат и да почне да зборува и ги отвори очите, неговата меморија целосно ќе се загуби. Михаел нема никогаш повеќе да биде истиот човек“, истакна познатиот неврохирург.
Шумахер е легендарен возач на Ф1 кој седумпати беше светски првак. Неговото семејство се уште не ги крена рацете и постојано е со него веќе пет години, откако се случи несреќата.